top of page
Search

Неутрализација на ефектите од седењето

Дали знаете која е најопасната „безопасна“ работа која секојдневно ја правиме?


Долгочасовно седење. Токму така.


Седењето со часови може да придонесе кон развој на бројни заболувања. Особено страдаат колковите, р’бетниот столб, вратот и рамењата. Поради неправилното држење, градниот кош се „затвора“ и дишењето е неправилно, што, пак, се одразува на тоа како се чувствуваме на физичко, ментално и енергетско ниво.


Крупните мускулни групи во нозете и задникот слабеат, а мускулите кои ги креваат нозете (флексорите на колковите) се стегаат. Таа комбинација од фактори може да придонесе кон болки во лумбалниот дел од р’бетот.


Долгочасовно седење може да предизвика дијабетис, висок крвен притисок, кардио-васкуларни заболувања, зголемен ризик од срцев и мозочен удар, одредени форми на рак, особено кај жените, проширени, варикозни вени, поради собирањето на крвта во нозете за време на седењето, анксиозност, депресија…


Она што особено загрижува е тоа што дури и ако редовно вежбаме, сепак ризикуваме здравствени проблеми доколку остатокот од денот го минуваме неактивни и седејќи. Решение би можеле да бидат активни „мини - паузи“ во текот на целиот ден. На пример, на секои два три часа, да станеме од столчето, нежно да го раздвижиме телото и да се растегнеме. Акумулираниот ефект може да биде многу позитивен.


Во ова видео давам неколку идеи како би можеле преку едноставни, интуитивни и природни движења да го активираме нашето тело и барем делумно да го неутрализираме негативниот ефект на долгочасовното седење. Одберете го она што ви е потребно, адаптирајте го на сопствените можности, додадете нешто свое... она е што е најважно е да се движите :)



Дополнително можете да ги погледнете и видеата подолу :)


За зајакнување на грбот и отворање на предната линија на телото



За опуштање и ревитализација по напорен ден



6 views0 comments

Recent Posts

See All
bottom of page