top of page
Search

Sthira Sukham Asanam



Дали сте знаеле дека во познатиот класичен текст Јога сутра од Патанџали, само три од вкупно 196 изреки се посветени на асана.

Од овие три, една е особено популарна - 2.46 Sthira Sukham Asanam. Вообичано се преведува на следниот начин: Асаната (положбата) треба да биде стабилна и удобна. Побуквален превод би бил: Престојување во добар простор.



Sthira значи стабилилно, силно, решително, цврсто, храбро...


И Sukham има повеќе значења - лесно, нежно, добро, радосно, среќно, но буквално значи добар простор.



Третиот збор Asana потекнува од глаголот As кој сугерира на чинот на седнување, престојување, да се биде присутен... акцентот тука е да се биде приземјен и посветен на активноста која се изведува во моментот.



Со огледна тоа дека главниот интерес на Патанџали бил постигнување медитативна абсорпција - самади, оваа сутра се однесува на квалитетот на положбата за медитација на практикантот. Но, денеска јога учителите го пренесуваат ова значење на сите јога положби. Негувањето на квалитетите на стабилност и удобност се основата за здрава асана практика.


Што значи да се култивираат овие два квалитети - стира и сука - во нашата асана практика?


Стира е способноста да се задржи стабилностна во одредена асана, да се одржи телото, енергијата и умот во рамнотежа во подолг период. Овој капацитет се нарекува asana sthiti, што може да се преведе како “живеење, престојување во асана” или “цврстина во асана”. Вистинска асана стити се постигнува кога мускулите се подеднакво активирани и ослободени од напнатост и напрегање, кога дишењето е ритмично, а умот трпелив и буден, внимателно набљудувајќи ги промените кои нсатануваат од момент во момент.



Сука или “добар простор” во асана практиката е удобноста која ја чувствуваме кога зглобовите и коските се во хармонија со гравитацијата, а мускулите се ослободени од напрегање. На енергетско ниво, сука се манифестира со лесен проток на воздухот и балансирана циркулација на прана, животна енергија.



Клучно е создавањето на трајна рамнотежа на сите нивоа на личноста. Набљудувајте ја вашата асана практика како лабораторија во која со целосно внимание и неподелена енергија го култивирате тој квалитет на урамнотеженост, стабилност и лагодност, за потоа да го пренесете во нашето секојдневие, без оглед на тоа во каква ситуација ќе се најдете.


Одлучно престојување во добар простор е основа за плодоносна медитативна практика и клучот за наградувачки и душевно исполнет живот.

2 views0 comments

Recent Posts

See All

Kommentare


bottom of page