Search

Сутра Нети

Сутра Нети е една од техниките за прочистување од системот на Хата Јога.


Со неа вршиме отстранување на погруби нечистотии во горните дишни патишта, носот и грлото, а тоа го правиме со помош на гумен катетер.



Имајте при рака доволно хартија, сад во кој ќе може да се собира водата и нечистотиите. Катетерот е дезинфициран, чист и влажен. Го ставаме во едната ноздра и полека, полека, без присила го придвижуваме навнатре. По потреба го вртиме во круг за да го олесниме движењето. Дишеме низ устата. Низ носната шуплина, катетерот ќе навлезе во грлото.


Сосема е нормално да имаме разни рефлексни реакции, да ни солзат очите, да се закашламе или да ни дојде нагон за повраќање. Но, немојте да се плашите. Иако можеби не изгледа најпријатно, оваа техника е добра за вас. Потрудете се да останете смирени, бидете трпеливи и нежно упорни.


Откако ќе го почувствуваме катетерот во грлото, го фаќаме со палецот и показалецот или показалецот и средниот прст од другата рака и го повлекуваме надвор од устата. Така, држејќи ги двата краја, нежно го движиме катетерот напред назад неколку пати. Откако ќе завршиме, го извлекуваме катетерот низ устата. Плукаме, ако ни дојде да плукнеме. По потреба го празниме носот, па повторуваме на другата страна.


Откако ќе завршиме со двете страни, изведуваме Џала Нети, односно го испираме носот и грлото со топла солена вода. Токму од таа причина најдобро е најпрвин да ја усовршите таа техника. Доколку не сте запознаени со Џала Нети, би ве замолила најпрвин да го погледнете тоа видео. Тука детално објаснувам за начинот на изведба, придобивки и контраиндикации. На кратко, таа може да делува превентивно и помага при настинки, грип, главоболки, астма и други респираторни проблеми, а со редовно изведување може да доведе и до редукција на алергиските реакции.



На крајот потрудете се целосно да ја отстраните водата. Повторно, ова е детално објаснето во видеото посветено на Џала Нети.


Сутра Нети е доволно да се изведува еднаш седмично. Како што напоменав, не смееме ништо на сила да правиме и со тоа да ризикуваме повреда. Доколку страдате од хронично крварење во носот, воздржете се од изведувањето на оваа техника.

4 views0 comments

Recent Posts

See All