top of page
Search

Ротирачки асани

Ротирачките асани, односно оние положби во кои торзото ротира, се сметаат за чистачи на системот, создаваат природна топлина и енергија, а ослободуваат од напнатост, стрес и анксиозност. Тие се од огромна важност за одржување на здравјето на рбетниот столб, правејќи ги сврзните ткива силни, еластични и подмачкани.

Ротирачките асани ги масираат сите органи во централниот дел од телото, помагајќи ја притоа абсорпцијата на хранливи материи во дигестивниот систем и елиминацијата на токсините преку цревата, бубрезите црниот дроб.


Кога го ротираме телото, за кратко време, додека ја држиме положбата, го ограничувме протокот на крв. Ослободувајќи ја положбата наплив на свежа крв носи кислород и го освежува системот.


Практикувајќи ги ротирачките асани наизменично на едната, па на другата страна, го помагаме процесот на елиминација и отстранување на токсините од телото.


Се смета дека оваа група асани го стимулираат метаболизмот и го зајакнуваат имунитетот. Во одредени јогиски текстови може да се прочита дека ротирачките положби ги уништуваат болестите. Земајќи предвид дека 80 проценти од нашиот имунолошки систем е лоциран во цревата, има смисол дека тие се многу моќна алатка при борба со болести.



2 views0 comments

Recent Posts

See All

Comments


bottom of page