top of page
Search
Writer's pictureAna Simonovska

Контра положба

Концепт на контра положба во јога асана практиката


Што е контра положба?


Контра положба, едноставно кажано, е онаа положба која која го движи телото во насока спротивна на претходната. Терминот контра положба е буквален превод на санскритскиот pratikriyasana.


Која е целта?


Целта на контра положбата е да ја неутрализира, интегрира, рафинира и на извесена начин да ја продлабочи „работата“ на претходната асана што ги таргетира истите делови на телото, ослободувајќи ја притоа насобраната напнатост, која можеби се создала во текот на практиката.


Во практика


Екстензијата ја балансираме со флексија и обратно. Десната ја балансира левата страна. Внатрешната ротација ја балансира надворешната ротација во зглобовите кои го дозволуваат тоа движење, како на пример колковите. Ротирачките асани може да се користат да ја „избалансираат“ која било друга положба која го таргетира рбетот.


Контра положбата не треба се држи толку долго ниту пак да биде толку длабока како асаната која сакаме да ја неутрализираме. Откако ќе излеземе од длабока експресија на одредена асана или сме останале во положбата подолго време, најдобро е најпрвин да „одмориме“ на кратко во неутрална положба пред да продолжиме со соодветната неутрализирачка асана. Оставете му на телото простор да се одмори, почитувајте ги неговите желби и немојте да брзате во следната асана.


4 views0 comments

Recent Posts

See All

コメント


bottom of page